Големата транзиција и иднината на енергетскиот бизнис

Овој настан е само со покана – за повеќе информации, контактирајте info@wec.mk

Светскиот самит на енергетските лидери е ексклузивен настан на високо ниво, кој го организираат Владата на Португалија и Светскиот совет за енергија, за заедницата на глобални енергетски водачи да го олесни континуираниот дијалог за критичните прашања кои влијаат врз енергетскиот сектор. Учеството на самитот на Светските енергетски лидери е само со покана до министрите, директорите на Советот, претставници и избрани гости на високо ниво.

Агендата се базира на согледувањата добиени од тековните студии на Светскиот енергетски совет, вклучувајќи ги и светските енергетски сценарија и светската енергетска трилема. Се појавуваат трендови кои ќе создадат фундаментално нов свет за енергетскиот сектор, кој се карактеризира со помал пораст на населението, радикални нови технологии, поголеми еколошки предизвици и промена на економската и геополитичката моќ. Советот го нарекува ова неизвесно патување во новиот свет на енергија – Големата транзиција.

Светските самити за енергетски лидери се засноваат на уникатната способност на Советот да ја собере оваа моќна енергетска заедница и да обезбеди важна пресвртница за решавање на проблемите и предизвиците во насочениот регионален контекст, кои досега се одржуваа во Мексико Сити во септември 2017 година, во Истанбул, Турција, во октомври 2016 година и во Адис Абеба, Етиопија, во октомври 2015 година.