УНИДО и Светскиот Енергетски Совет ќе промовират политики за одржлива енергија

162

Организацијата на Обединетите нации за индустриски развој (УНИДО) и Светскиот Енергетски Совет потпишаа заедничка декларација за поддршка на глобалното ширење на решенија за одржлива енергија.

Според новото партнерство, УНИДО и Светскиот Енергетски Совет се обврзаа да ги развијат лидерските вештини и севкупниот капацитет на енергетските лидери и креаторите на политиките од земјите во развој; како и да ги истражат можностите за промовирање на пристапот до енергија преку глобалните платформи, како што е акцелераторот за електрификација во рамките на иницијативата за одржлива енергија за сите (SEforALL).

“Со нетрпение очекуваме да работиме со Светскиот Енергетски Совет за промовирање на одржливи енергетски решенија, со фокусирање на зајакнување на капацитетот и унапредување на енергетскиот пристап”, рече Директорот на УНИДО Ли Јонг. “Ние сме убедени дека, преку специјализирани тренинзи и стипендии, ќе им помогне на земјите да дизајнираат инструменти кои поттикнуваат иновации, нови бизнис модели и одржлив развој на енергетскиот сектор”.

Договорот беше постигнат за време на Самитот на лидерите на Светскиот енергетски Конгрес”, кој е во организација на Светскиот Енергетски Совет и Секретаријатот за енергетика на Мексико за да се олесни дијалогот за можностите и предизвиците кои влијаат на развојот на енергетскиот сектор.