Ново партнерство за изградба на мостови помеѓу претприемачите и енергетските лидери

200

Светскиот совет за енергетика и Германската агенција за енергија (ДЕНА) ги здружија силите за создавање на глобалната глобална платформа за прославување и промовирање на иновациите.

Проектот, договорен во Мексико Сити на Светскиот самит за енергетски лидери, на 12 септември, ќе ги поврзе иноваторите со можности за развој, инвестиции и истражување. Двете организации ќе работат заедно за да изградат силна соработка што ќе вроди со видливи резултати до 24-тиот Светски енергетски конгрес кој ќе се одржи во Абу Даби во 2019 година.

Генералниот Секретар на Светскиот енергетски совет, Кристоф Фреј рече: “Енергетскиот свет е во процес на голема транзиција управувано од комбинација на фактори. Брзиот развој на нови технологии и незапирливата дигиталната револуција, како и глобалните еколошки предизвици, престатвуваат можности за компаниите и новоформираните ширум светот. Затоа ние треба да ги поддржиме претприемачите на денешницата.

 

 

Партнерството, исто така, ќе ја поддржи соработката помеѓу енергетските лидери и земјите во справувањето со предизвиците на енергетската трилема и климатските промени, обезбедувајќи платформа за ангажирање помеѓу иноваторите и енергетските лидери.

Клучната активност во периодот до Светскиот енергетски конгрес 2019 вклучува:

Заедничка активност на COP-23 во Бон со поддршка од Дена и Сојузното министерство за економски прашања и енергија во ноември 2017 година
Заедничка активност на Техничкиот фестивал заедно со Берлинскиот дијалог за енергетска транзиција организиран од германската влада
Заедничка активност на Светскиот самит за енергетски лидери во Аргентина во јуни 2018 година, која ќе се одржи заедно со состанокот на министрите за енергија на Г-20
Заедничка активност на Извршното собрание на Светскиот енергетски совет во Милано во октомври 2018 година
Светскиот енергетски совет активно ќе се ангажира со мрежата на технолошките претприемачи на Дена за да се осигура дека најсовремените случувања во енергетскиот простор се вклучени во анализата на Советот.