МРЕЖА

Светскиот Енергетски Совет има свои национални комитети во речиси 100 земји, вклучувајќи ги и државите кои се најголеми производители и потрошувачи на енергија. Корпорации, организации и поединци можат да се вклучат во мрежата на Светскиот Енергетски Совет преку Националниот комитет во нивната земја. Членството е составено од автономни комитети кои претставуваат најширокиот можен спектар на интереси поврзани со енергијата на национално ниво:

  • Производители на енергија, провајдери и дистрибутери
  • Министерства за енергија или поврзана област
  • Национални енергетски друштва
  • Производители и дистрибутери на горива
  • Носители на одлуки, креатори на политики
  • Владини агенции
  • Истражувачки и академски институции
  • Корисници на енергија
  • Еколошки рганизации

Мрежата на Светскиот Енергетски Совет е активна во речиси 100 земји и е составена од над 3000 институции и организации од различен тип:

7% Влада          38% БИЗНИС          25% ЕКСПЕРТИ          30% ДРУГИ