ЗА НАС

Светскиот Енергетски Совет е глобална независна мрежа на лидери и практичари кои промовираат достапен, стабилен и еколошки чувствителен енергетски систем во интерес на светот. Формиран во 1923 година, Советот е глобално енергетско тело акредитирано од ООН, кое го претставува целиот енергетски спектар, со повеќе од 3000 организации членки кои се наоѓаат во повеќе од 90 земји и се составени од владини претставници, приватни и државни корпорации, академици, невладини организации и заинтересирани страни поврзани со енергијата .

Светскиот Енергетски совет ги води глобалните, регионалните и националните енергетски стратегии преку одржување на настани на високо ниво, изработка на студии и делување преку својата широка мрежа на членови за да го олесни дијалогот за енергетска политика во светот.

Македонскиот Национален Комитет на Светскиот Енергетски Совет е составен од членови на енергетската индустријата, како и претставници на релевантните универзитети, институции, здруженија, организации и реномирани поединци од енергетскиот сектор.